ПРЕС НА КОМСИЈАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПРИ ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ

март 4, 2023
1 минути

Повеќе од една година Државниот испитен центар манипулира со термините и со испитите за полагање на менаџерски испит! После чекање повеќе од една година, токму кога помисливме дека сме стигнале до самиот крај – наместо да добиеме лиценци, новиот директор на Државниот испитен центар арогатно порачувајки: „пред силата правдина нема” – ни ги поништи положените испити и со тоа не стави пред свршен чин, нé изложи на дополнително понижување, но и на нови тршоци.

За жал централната власт, прекршувајќи го уставот и законите ни го ускратува уставното и законско право да полагаме за лиценца за менаџери.

Се сомневаме дека однесувањето на директорот на ДИЦ е координирано на највисоко ниво на државната власт. Државната власт преку својот извршител во ДИЦ не дозволува да се полагат испити и практично не дозволуваат никој, освен поранешните кадри на СДСМ, да се стекнат со квалификациии! Ова е уште еден доказ за коруптивно однесување на власта!

Ја повикуваме Владата и го повикуваме Министерството за образование, веднаш да превземат мерки против директорот на ДИЦ, а ДКСК, и ЈО да ги испитаат мотивите, и да утврдат „злоупотреба на службена положба” на директорот со чии постапки ни се нанесува штета и дополнително се корумпира образованието во Македонија!

Комисија за образование при

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ