ПОЗНАЧАЈНИ ПЛАНИНАРСКИ АКТВНОСТИ НА КПС „МОСКИТО“ – КОЧАНИ

Во Спорт
октомври 17, 2023
1 минути

– Маркирање на патеката „Галабо“, остануваат уште поставување на патокази и напролет со поголема група на ученици и наставници и љубители на природата да се помине.

– Искачување на „Мусала“ 2925 мнв во Бугарија и доделување на членска карта на нов член

-Искачување на Триглав 2864 мнв Словенија – Јулиски Алпи (Словенија), Никола Лефков и Ангел Галев

– Учество земавме и во Прилеп на трката „Момата Треил“ со тројца учесници од кој Благој Веселинов освои второ место штое голем успех за него, за „МОСКИТО“ и градот Кочани

Заедничка планинарска тура до врвот „Панагур“ со СОУ „Љупчо Сантов“ и КПС „МОСКИТО“, автобусот ни беше одобрен од Општина Кочани. На планинарската акција учествуваа 11 ученици, од кои најмладиот учесник имаше 7 години,  двајца од Црвен крс и двајца од ДСС (Добровочно спасителна служба).

Планинарската акција беше и едукативна, се зборуваше за безбедно движење во планина, пратење на маркации, потребна опрема за планинарење, санирање повреда на глуждод и повреда на раката (напукнатина), претставување на ДСС и нивните активности.

КПС „Москито“-Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ