ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, РЕГИОНАЛНОТО ДЕРБИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Во Спорт
ноември 5, 2021
1 минути

Продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига – Исток. Во Недела со почеток во 13:00 часот започнуваат натпреварите од 10-тото коло.

Регионалното дерби се игра во Македонска Каменица каде домаќинот „Каменица Саса“ го пречекува „Осогово“. „Рударите“ по двата последователни порази најавува голема борба и освојување на трите бода. И од таборот на „жетварите“ најавуваат поход кон освојување на трите бода, оптимизам кој се темели на подобрите игри на „жолто-сините“ на страна отколку на домашен терен.

Двојки од 10-тото коло:

„Каменица Саса“ – „Осогово“

„Братство“ – „Слога 1934“

„Кит Го“ – „Победа“

„Беласица“ – „Детонит“

„Кожуф“ – „Локомотива“

С. Ивановски