Откако преку ноќните лудории се оштети речиси се од детско игралиште во градот, на ред дојде и последното, детското игралиште во „Паркот на Револуцијата“ кое е донација од „Антура“.
Денес дечињата кои го користат за свои забави и игри не можеа да го користат еден од тобоганите, Зошто? Затоа што се нашол некој идиот без малку домашно воспитување и го оштетил и тоа и те како.
Родителите не дозволуваа нивните дечиња да се пуштат по него бидејќи можеа да се повредат.
Сликата мизерна, а и нема очигледно фајде да ги повикуваме и понатака надлежните во општината за поставување на камери на ваквите фреквентни места бидејќи очигледно тоа нив не ги многу засега.
И така, од во ноќ, градот ќе се руинира, а за поправка ќе се користат пари собрани во буџетот од граѓаните.
Ако некому му е поевтино плаќање за поправки од поставување камери нека биде така.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ