МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА И АМБАСАДАТА НА Р. БУГАРИЈА ВО Р.С. МАКЕДОНИЈА РЕАЛИЗИРАА ПРОДУКТИВНА СРЕДБА СО БИЗНИС СЕКТОРОТ

ноември 10, 2023
1 минути

Почитувани,

Македонско-бугарската стопанска комора и Амбасадата на Р.Бугарија во Р.С Македонија со бизнис секторот од двете држави на 09.11.2023 година,во хотел Александар Палас одржаа продуктивна средба,со цел оддржување и подобрување на меѓусебната соработка на компаниите од различни дејности од двете земји.

Бугарија е петтиот најважен трговски партнер на Северна Македонија и нејзин автор, најважна извозна дестинација. Бугарските директни инвестиции во државата изнесуваат вкупно 270 милиони евра. Во 2022 година, годишната двонасочна трговија надмина 1 милијарда евра.

Бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов им се заблагодари на генерациите активисти кои ја основаа, развиваа и зајакнаа Македонско Бугарската стопанска комора. Тој изрази верба  дека со  амбициозната програма на новоизбраната претседателка на МБСК Биљана Митева, на институцијата и претстои „поживописна, подинамична и многу поотворена за сите економски субјекти, што ќе ги зајакне односите меѓу Бугарија и Северна Македонија“.на средбата  Митева во говорот на настанот посочи: „Имам голема одговорност и чест,  бидејќи Македонско-бугарската стопанска комора која постои од 2011 година и има многу успешни проекти, претставува предизвик истите да бидат надминати со цел соработката  меѓу бизнисот и  институциите во нашите две земји да бидат ставени во функција на успешна деловна клима.”

Трговското атеше на бугарската амбасада г. Красимир Драгнев на средбата информираше дека на 7 декември во Софија се одржува бугарско-македонски бизнис форум на иницијатива на министерствата за надворешни работи на двете земји. Сличен настан минатата година се одржа во Скопје под покровителство на   министрите за надворешни работи Николај Милков од Бугарија и Бујар Османи од Северна Македонија.

МБСК на оваа средба е главниот партнер во составувањето на деловната делегација од Северна Македонија.

Со почит,

Македонско Бугарска Стопанска Комора

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ