ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ИЛИ ТУЖБА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ И НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ЗА НАВРЕДА

февруари 10, 2022
1 минути

По упатените навреди на 6-тата седница на Советот на Општина кочани и повторените на нејзиното продолжување, советникот Венко Крстевски избран од група граѓани, упати јавно барање до неговиот колега Васе Алексов од ВМРО ДПМНЕ во кое бара тој јавно да му се извини.

Во барањето се вели;

„Почитуван, на 6-тата седница на Советот на Општина Кочани на која присуствувавте како избран советник, на ден 31,01,2022 година дадовте навредлива изјава со зборовите „викнете му болничка кола“ кои зборови се однесуваа кон мене, додека на продолжението на оваа седница на ден 04.02.2022 година имате изјавено навредлива изјава, ми имате упатено навреди со тоа што мене ме нарековте„теле, педер….“и со тоа ми ја нарушивте честа и угледот и сметам дека ваквите зборови ги изговоривте злонамерно со цел да ме омаловажите и пред останатата јавност или пред останатите советници кои беа присутни на седницата да изразите понижувачко мислење.

Поради ова барам од вас Васе Алексов  согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета да ни се извинете и јавно да ги повлечете зборовите „теле, педер и викнете му болничко комбе’ и тоа јавно на наредната седница која ќе ја има Советот на Општина Кочани, во спротивно ќе бидам приморан да поднесам тужба за утврдување на одговорност и надомест на штета за навреда“.

С. Ивановски