Девојчињата на ЖФК „Кочани“ како домаќини одиграа 1:1 со лидерот на табелата ЖФК „Скопје 2014“ во рамките на десеттото коло од Македонската Кадетска Фудбалска Лига за девојчиња.
Дека ова е голем бод за девојчињата од Кочани сведочи податокот што во изминатите девет кола „Скопје 2014“ имаше забележано исто толку победи .
Стрелец на голот за кочанчанки кој им откина два бода на гостинките беше Нина Манасиева.
До крајот на есенскиот дел ќе се одиграат уште две кола во кои најпрвин „Кочани“ ќе му гостува на „СЦ Истатов“ за да во последното коло бидат домаќинки на екипата на „Љуботен“.
Во конкуренција на 14 екипи по десет одиграни кола ЖФК „Кочани“ е на 6-тото место со 16 освоени пода.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ