ПРИЈАВЕНАТА МАЛОЛЕТНИЧКА КОЈА СЕ ОДДАЛЕЧИЛА ОД СЕМЕЈНИОТ ДОМ ПРОНАЈДЕНА ОД НЕЈЗИНИОТ ТАТКО

декември 3, 2023
0 минути

На 01.12.2023 во 09:15 часот во Полициската станица Кочани З.Н. (32) од Кочани пријавила дека на 27.11.2023 година од домот се оддалечила нејзината ќерка Б.Н. (13). Според пријавеното, набргу потоа, таа испратила порака на родителите да не ја бараат и дека ќе оди во странство. Малолетничката неколку пати досега се оддалечувала и враќала во семејниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На (02.12.2023) во 21:30 часот во Полициска станица Кочани, З.Н. (32) од Кочани пријавила дека нејзината малолетна ќерка Б.Н. (13) која на 01.12.2023 беше пријавена дека се оддалечила од домот е пронајдена во Кочани од нејзиниот татко.

Соопштение на СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ