Бо рамките од подготовките за пролетниот дел на првенството во Втора Фудбалска Лига, во Четврток (01.02.2024 година) на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани со почеток во 13:00 часот „Осогово“ ќе го одигра вториот подготвителен натпревар.
Противник на кочанскиот второлигаш ќе му биде екипата на „Шкендија“ од Арачиново инаку член на Трета Фудбалска Лига – Север.
По одложениот натпревар поради лошите временски услови што беше закажан со „Кожуф“ од Гевгелија, „Осогово“ досега одигра само еден контролен натпревар и тоа против екипата на „Њу Старс“ и извојува победа од 3:0.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ