ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА, И ПОСЛЕ ТРИ МЕСЕЦИ НА ИСТА ЛОКАЦИЈА НА ПОНИКВА ПАК ФРЛЕНИ КОНТЕЈНЕРИТЕ

јануари 29, 2024
0 минути

Пред три дена КЈП „Водовод“ – Кочани излезе со Известување за неодговорното однесување на поединци или на група, кон урбаната опрема.

Известувањето се однесуваше на фрлен сад (контејнер) за собирање на комунален отпад на Осоговските планини. Како што покажуваат фотографиите контејнерот е фрлен во провалија, односно во длабочината кај аеродромот, поточно после некогаш предвидената писта за полетување.

И да потсетиме дека ова не е прв пат да се случува нешто вакво. Имено, на 06.10.2023 година љубители на природата кои често ја посетуваат „Пониква“ забележале дека контејнерите кои КЈП „Водовод“ тогаш ги беше поставил со цел во нив да се собира сметот и планината да не се загадува, за кратко време се нашле на нова локација, локација каде никој не може да го фрла сметот.

Локацијата и тогаш и сега е потполно иста. Е сега дали некој намерно ги фрла таму за да  може подоцна да си ги присвои или некому не му одговара чиста „Пониква“ не се знае, но факт е дека на исто место садови за собирање на комунален отпад во два различни периоди не може случајно таму да бидат.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ