ПИНГПОНГАРИТЕ НА „КОЧАНИ“ НА ЧЕКОР ДО ПЛЕЈ-ОФ НАТПРЕВАРУВАЊЕТО

Во Спорт
април 10, 2022
1 минути

Во рамките на 13-тото коло од Првата Пингпонгарскалига, пингпонгарите на „Кочани“ убедливо ја совладаа екипата на „Крушево“ со 4:0.

Победата добива на тежина ако се знае дека „Крушево“ им е еден од директните конкуренти  на кочанчани за плеј-оф натпреварите преку кои се обезбедува пласман во Супер пингпонгарската лига на Македонија.

Убав успех на ветераните на кочанскиот пинг-понг кои години наназад ги восхитуваат љубителите на спортот во Кочани.

С. Ивановски