Ако не на секој столб, ама на повеќето во градот и околината т.н. „кабел гнезда“ даваат една многу грда слика на градот.
Повеќето од тие кабли се вон употреба подолг период а самото нивно оставање и понатака на столбовите е причина да се создаваат голем број на „кабел гнезда“ кои според некои експерти загрозуваат повеќе нешта.
Како што ни беше објаснето тие кабли немаат уземјување па четопати кога се вршат некои поправки претставуваат опасност за оние кои ја извршуваат работата. Потенцираат дека околу нив се создава електрицитет (бидејќи имале бакарни жици) кои можат понекогаш и гром да привлечат.
Е сега што е вистина во сето ова не знаеме, но бевме од страна на оние кои мислиме дека се релевантни за оваа проблематика замолени ова да го објавиме.
Како што ни рекоа, тие предлагаат екипи од ЕВН па и оние кои се одговорни за одржувањето на уличното осветлување постепено да започнат оние кабли што се вон употреба да ги отстрануваат.
Дали сето ова позитивно ќе влијае кај надлежните не можеме со сигурност да тврдиме, но факт е дека треба нешто да се преземе.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ