По повод празникот ,,Св. Три Светители”, 12 февруари, во соработка со НУ ,,Завод и музеј” – Струмица и координаторот на проектот кустос Магдалена Василева, беше отворена изложбата на икони кои потекнуваат од 19 век.
Станува збор за изложба на икони, подржана од Министерството за култура, исработени од струмичкиот зограф Григориј Пецанов, родум од струмичко Дабиле кој творел во многу цркви во Струмичко и повеќе места во источна Македонија.
За изложбата свој осврт даде и советник кустос Илинка Атанасова – Археолошки музеј на Македонија.
Библиотека искра
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ