МЛАДИНСКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА” СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН 2022″.

август 14, 2022
1 минути

Во организација на национална установа – Центар за култура „Бели мугри“ од – Кочани, во периодот од 15 – 18 Август ќе се реализира „Младинска ликовна колонија Св. Пантелејмон 2022“.

Самата колонија е дел од Годинешната програма на НУ ЦК „Бели мугри“ од Кочани и истата е под целосно покровителство на Министерството за култура на Македонија, а на истата своето учество го имаат пријавено 9 млади ликовни уметници на возраст од 15 до 18 години.

Младите уметници ќе бидат предводени и организирани од ментор м- р Александра Димитрова стручен соработник за визуелни уметности од НУЦК “Бели мугри”-Кочани,

Годинава ликовната колонија ќе се реализира во комплексот „Осоговски конак” – Пониква на Осоговските планини.

С. Ивановски