ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, СУДИЈАТА ДИМИТАР ЛЕВЕСКИ ИМ ПОДАРИ ПЕНАЛ НА ДОМАЌИНИТЕ

Во Спорт
март 2, 2024
1 минути

Се играше 68’ кога судијата Димитар Левески од Охрид досуди сомнителен пенал за  „Башкими“ и ги врати во игра по негативата што ја имаа уште во првото полувреме. Ваквите грешки очигледно е дека не се веќе случајност на натпреварите во Втората Фудбалска Лига. Денес оштетено е „Осогово“ а чие е името на екипа која ќе застане во редот во наредното коло?

До израмнувачкиот гол- подарок за „Башкими“ гостите од Кочани имаа водство кое по играта во првото полувреме и го заслужија. Се играше 42’ кога на десната страна од домашниот шеснаесетник беше досуден слободен удар за „Осогово“. Ударот мошне мудро го изведе Екрем Мемеди, топката ги префрли сите играчи во шеснаесетникот и заврши во десната мала мрежичка на изненадениот Лука Стојковски.

Во второто полувреме домаќините почнаа да играат поагресивно се со цел да дојдат до израмнување на резултатот. Тоа им појде од рака по како што веќе спомнавме по подарениот пенал-гол од страна на Левески, кој очигледно е дека во второто полувреме за разлика од првото судеше речиси се во корист на домаќините.

Во 74’ домаќините постигнаа и втор погодок кој на крајот се покажа како решавачки. Играчите на „Башкии“ беа во напад, еден нивни играч беше фаулиран на работ на шеснаесетникот но судијата даде предност откако виде дека топката дојде до осамениот Мурати Абдулвахид, следуваше удар по земја од тринаесетина метри а топката заврши во долниот десен агол на немоќниот Ѓорѓи Јованоски.

И со такво тенденциозно судење особено во второто полувреме гостите од Кочани можеа да дојдат до бод што ќе беше заслужено и тоа во судиското надополнување. Во 90+3’ нововлезениот Тоше Манов во домашниот казнет простор убаво се избори за позиција следуваше силен удар со левата нога кој домашниот голман со извонредна парада успеа да го одбрани по што топката заврши во левиот дирел и шансата отиде во неповрат. Само минута подоцна еден домашен играч го собори Стојче Стојов во сомнителен дел од теренот. Судијата досуди слободен удар за „жетварите“ но немаше да погреши доколку покажеше на белата точка бидејќи по „застанувањето“ на снимката јасно се гледа дека Стојов со едната нога беше во домашниот шеснаесетник.

Очигледно е дека од ГФК „Осогово“ ќе следува соопштение кое нема да наиде од никаква реакција кај надлежните бидејќи на неодамнешното полагање на судиите се виде со каков судиски квалитет располага судиската организација,, со исклучок на поединци.

Во следното 19-то коло „Осогово“ ќе и биде домаќин на „Победа“ а натпреварот се игра во Вторник (05 Март) со почеток во 14:00 часот.

Резултати од 18-тото коло:

„Башкими“ – „Осогово“  2:1

„Охрид“ – „Победа“  1:0

„Тетекс“ – „Беласица“  1:2

„Беса“ – „Новаци“  2:0

„Пелистер“ – „Каменица Саса“  2:0

„Аресими“ – „Детонит Плачковица“  2:1

„Скопје“ – „Кожуф“  0:0

„Вардар“ (Н) – „Караорман“  2:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ