ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“ – „АКАДЕМИЈА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО“ Е ВТОРИОТ ФИНАЛИСТ

Во Спорт
јули 31, 2022
1 минути

Гол шоуто на Марио Благојевски беше доволно да се декласира екипата на „Карбинци“ во вториот полуфинален натпревар и „Академија Чешиново-Облешево“ да се провира во вториот финалист од годинешниот фудбалски турнир „Чешиново 2022“ кој се игра во склоп на Илинденските Спортски Игри.

„Академците“ фуриозно го започнаа натпреварот и веќе по првото полувреме благодарение на хет-трикот на Марио Благојевски имаа сигурно водство од 3:0. Играчите на „Карбинци“ се трудеа да постигнат гол и да внесат мала неизвесност но вечерва на голот на „Академија Чешиново-Облешево“ блескаше чуварот на мрежата Кевин Заов.

Кога во второто полувреме Марио Благојевски го постигна и својот четврти погодок на овој натпревар беше јасно кој на големиот Македонски празник „Илинден“ освен екипата на „Соколарци“ ќе игра во големото финале.

Голот на Ерол Пилов само го ублажи високиот пораз на „Карбинци“.

Големото финале од 50 јубилејни Илинденски Спортски Игри „Чешиново 2022“ е закажано за Вторник со почеток во 17:30 часот.

Организаторот на турнирот и овој пат ги замилува актерите од финалната средба на време да бидат на теренот како би натпреварот започнал без доцнење, во веќе утврдениот термин. Стравот од снемување електрична енергија си го стори своето.

Се гледаме во ФИНАЛЕТО

С. Ивановски