НОВ ВИКЕНД, НОВО ДИВЕЕЊЕ И УНИШТУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИОТ ИМОТ

март 4, 2024
0 минути

Како што не известија станарите од зградата кај некогашниот „Кармин“ во доцните ноќни часови  во саботата кон неделата неколкумина лица повторно дивееле на заедничкиот имот, поточно овој пат се нафрлиле на клупите и видно ги оштетиле.

Чудно е во целата оваа приказна што тие додека ги кршеле викале на сиот глас без да има некој да го спречи нивниот вандалско однесување.

Ние преку ова наше гласило неколкупати апелиравме за да се спречи овој вандализам, да се започне со поставување на камери, за почетокот во централното градско подрачје а потоа покривањето да биде и на другите делови од градот. За жал ниту еден наш апел до ден денес не вроди со плод бидејќи очигледно е дека секој „бистри“ политика.

И се додека надлежните се инфериорни некој ќе се изживува, за да потоа истото се поправи со пари собрани пак од граѓаните. И наместо  со тие средства да се покрие нешто што е од голема потреба на жителите на Кочани, ќе се продолжат за покривање на глупостите на поединци или на група неодговорни лица.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ