СООБРАЌАЈКА ВО КОЧАНИ, ЕДЕН СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ А ДРУГИОТ СО ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДДИ

јануари 7, 2022
0 минути

На 06.01.2021 во 12.35 часотво Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„Димитар Влахов“, ул.„Бел Камен“ и ул.„Крижевска“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.Д.(39) од с.Чешиново и патничко моторно возило „застава 750“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(77) од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Г., а со телесни повреди се здобил М.Д. констатирани во Општата болница во Кочани.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

ИЗВОР:  Дневни билтени на МВР