СВР ШТИП: ПРИВЕДЕН БЕГАЛЕЦ ОД ЗАТВОР, РАСЧИСТЕНИ НЕКОЛКУ КРИВИЧНИ ДЕЛА

јуни 21, 2022
1 минути

На 20.06.2022 околу 23.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.К.(25) од Кочани. Тој бил баран со потерница поради бегство од казнено-поправната установа Затвор Куманово и поради основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 и сторени три кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

По насоки на Јавен обвинител лицето било задржано во ОВР Кочани и денеска било извршено препознавање од оштетените во кривичното дело разбојништво.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа затвор Куманово.

ИЗВОР: Соопштение  од  СВР  Штип