ЕКСПЕДИЦИЈА ОД „ОСОГОВСКИ ОРЕЛ“ ЛЕТНА ДО ВРВОТ „РУЕН“

март 17, 2024
1 min read

Тринаесет членови од КПС „Осоговски орел“ во текот на денешниот ден се искачија на највисокиот врв на „Осоговските планини“, „Руен“ висок 2252 метри.

 

Уште во 07:00 часот наутро тргнаа од Кочани за да веќе околу 08:00 часот од рудникот „Саса“ го започнат своето искачување во должина од 15 километри.

По четири часа искачување по студено време и терен покриен со снег тие стигнаа на врвот каде кратко се одморија и повторно тргнаа назад.

Активности на КПС „Осоговски орел“ продолжуваат без разлика на временските прилики.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ