ВО САБОТА И НЕДЕЛА ФУДБАЛ ВО КОЧАНИ

Во Спорт
септември 23, 2022
1 минути

Во деновите од викендот љубителите на фудбалот во Кочани ќе можат да проследат три интересни натпревари во кои актери се играчите на „Осогово“.

Најпрвин во сабота во натпреварите од Втората Младинска Лига се играат натпреварите од второто коло во кое „Осогово“ ја пречекува екипата на „Силекс“.

10:00 часот (кадети)  „Осогово“ – „Силекс“

12:00 часот (младинци)  „Осогово“ – „Силекс“

Истиот ден во Кратово се играат натпреварите помеѓу истите екипи во категоријата „помлади пионери“ и „пионери“.

Во Недела на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани во натпревар од 3. коло од Трета Фудбалска Лига – исток „Осогово“ ја пречекува екипата на „Дојранско Езеро“. Натпреварот започнува во 15:00 часот

Двојки од 03 коло:

„Осогово“ – „Дојранско Езеро“

„Рудар“ – „Академија Чешиново-Облешево“

„Овче Поле“ – „Брегалница“ (Д)

„Карбинци“ – „Спартмани“

„Вардарски“ (Б) – „Малеш“

„„Тиверија“ – „Победа“ (В)

С. Ивановски