ПРОДОЛЖУВА СУБВЕНЦИОНИРАНИОТ ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ ВО КОЧАНИ

март 26, 2024
0 минути

По спроведената постапка за јавна набавка, Општина Кочани го продолжува организирањето општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани.

Превозот на релацијата: Оризари – Усова Чешма, Бавчалук, спој на улицата „Бел камен“ со  „Страша Ербапче“ – Лесна индустрија ќе го реализира „Тасим компанија“ од Оризари. Превезувањето се реализира четирипати во текот на денот, од 8 до 16 часот, од понеделник до сабота.

Единечната цена на билет по патник за едно возење изнесува 20 денари, од кои Општина Кочани учествува со 50 %, а другите 50 %,  односно 10 денари, на превозникот му ги плаќа патникот со купување билет за превоз на соодветната релација.

Договорот за организирање општински линиски превоз во Кочани е во износ од 2 милиона денари со времетраење од две години.

Општина Кочани организира  јавен градски превоз од декември 2013 година, за што претходно ги изведе потребните инфраструктурни и сообраќајни подготовки.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ