ПРВИ НАГРАДА ЗА УЧЕНИЦИТЕ НА ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО КАМЕРНА МУЗИКА

март 27, 2024
1 минути

Макарија Иванова во класата на наставник Марија Лазарова и Јован Цветанов во класата на наставник Душан Стојанов, како и Јана Филипова во класата на наставник м-р Елизабета Ѓеорѓиева и Ана Пејчева во класата на наставник м-р Драгана Карова Ангелова  во категоријата „четирирачно пијано“,  заедно со Оркестарот на народни инструменти при ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани ги освоија првите награда на  XII Меѓународен натпревар за камерна музика кој во организација на ООМБУ „Лазо Мицев – Рале“ од Кавадарци кој денес се одржа во истоимениот град.

Учениците Александар Крстов, Симон Бошковски, Стефанија Атанасова, Драган Стаменков, Никола Паунов и Баже Ацев во класата на наставник Виктор Постолов, како и Макарија Иванова, Јован Цветанов, јана Филипова и Ана пејчева  со своите изведби оставија најсилен впечаток кај жири комисијата и првата награда заслужено се најде во нивните раце.

ООМУ „Ристо Јуруков“ со професионална работа веќе низа години му донесува на училиштето а со тоа и на градот Кочани признанија со кои и те како треба да се гордеат жителите на „градот на оризот“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ