Полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности расчистија шест кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ во обид и една „тешка кражба“, извршени ноќта на 21/22.04.2024 во Кочани. Кривичните дела „тешка кражба“ во обид биле извршени во барака на ул.„Раде Кратовче’’, сопственост на општина Кочани, во која имало три службени простории: една на „Црвен крст“, една на Центарот за социјални работи и една на пратеникот М.Л.(45) од Кочани, како и во правно лице за брзи кредити и еден продажен објект. Кривичното дело „тешка кражба“ е извршено во продажен објект, од каде сторителот одзел каса со пари. Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 22.04 2024 од слобода е лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор со осомничениот, тој ги признал сите кривични дела, а дополнително признал дека извршил и пет „тешки кражби“ и една „кражба“ , извршени на почетокот на април 2024 година, исто така во Кочани. По документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Соопштение на МВР
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ