ИСЧЕЗНАТАТА ЖЕНА ПО КОЈА ШТО СЕ ТРАГАШЕ ПРОНАЈДЕНА МРТВА

јануари 18, 2022
1 минути

На 17.01.2022 во 14.55 часот во полициската станица Виница било пријавено дека на место викано „Горица“, во непосредна близина на магистралниот пат Кочани-Делчево, во канал за наводнување, било пронајдено безживотното тело на Ј.Л.(56) од нас.Оризари, кочанско, за која на 11.01.2022 било пријавено дека се оддалечила од домот.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Виница, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на семејството.

ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип