02.05– ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК
07.00 часот – Утрена со Литургија на Свети Василиј Велики
По светата Литургија ќе се изврши света тајна Маслосвет за исцеление на болни (Елеосвештение).
18:00 часот – читање на 12 Евангелија за Христовите страданија.
03.05– ВЕЛИКИ ПЕТОК
07.00 часот – Читање на Царски часови со Голема вечерна и изнесување на Светата Плаштаница.
18:00часот – Оплакување на Спасителот Господ Исус Христос со пеење на статиите
04.05– ВЕЛИКА САБОТА
07.00 часот – Вечерна со Литургија на Свети Василиј Велики.
23:30 часот – Полуноќница со биење на камбаните
05.05 – ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО (ВЕЛИГДЕН)
00.00 – Објавување на Воскресението Христово, Пасхална утрена и Света Златоустова Литургија.
08.00 часот – Златоустова Литургија (во крстилницата) 11:30 Вечерна со читање на Светото Евангелие на разни јазици
06.05- ВЕЛИГДЕН – 2 ден и Ѓурѓовден
07.00 часот – Утрена со Света Архиерејска Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион.
16.00 часот – Празнична вечерна
07.05 – ВЕЛИГДЕН – 3 ден
07.00 часот- Утрена и Света Златоустова Литургија.
16.00 часот – Празнична вечерна
10.05- ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА
07.00 – Утрена и Света Златоустова Литургија, по која ќе се изврши водосвет
Повелете на заедничка и соборна молитва за сите радосно да ја дочекаме веста за Христовото Воскресение.
Од свештенството при храмот „Св. Вмч. Георгиј“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ