ЗАВРШИЈА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ПРЕМИНОТ НА ПРУГАТА КАЈ СУДОТ

мај 7, 2024
0 минути

Заврши реализацијата на градежните активности за модернизација на преминот на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Основен суд“, на дел од ул. „Никола Карев“ во Кочани.

На премините е поставена гумена подлога со цел да се олесни минувањето на возилата и да се забрза протокот на сообраќајот, со што сообраќајот сега се одвива во нормален тек.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ