И ПО РЕЧИСИ ГОДИНА ДЕНА УЛИЦАТА „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ ЈА ЧЕКА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА

јуни 19, 2022
0 минути

На фотографиите е улицата „Раде Кратовче“ во Кочани, несомнено една од пофреквентните улици во Централното градско подрачје. Улицата се асфалтираше пред малку повеќе од 40 години а од минатата година беше влезена во програмата за нејзина реконструкција.

Работите започнаа кон крајот на месец август минатата година а еве по близу година дена улицата уште чека за нов асфалтен слој.

Минатата година најпрвин се почна со гребење на асфалтот како би била подготвена за новиот слој, но машините она што го гребеа сега дождовите сосема го изгребаа па улицата на некои места е доста оштетена.

Оваа година кон средината на месец Март започнаа подготовките со поставувањето на рабници и местење на бекатон плочики по тротоарите, и тука застанаа работите.

Кога ќе биде целосно завршена нејзината реконструкција ќе покаже времето, а дотогаш нека се вози и минува по неа со големо внимание.

С. Ивановски