Повеќе од седумдесеттина дела изработени во различни ликовни техники кои во последните три месеци на слободна тема ги создаваа учениците од училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани се дел од изложбата која во петокот беше отворена во Фоаје 2 при НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани.
Александра Димитрова ментор во Школата за цртање и сликање истакна дека е задоволна од изработените дела бидејќи тие се создадени преди се од доста талентирани ученици пред кои стои убава иднина.
Учениците цртаа по нивни слободен избор, а се опфатени повеќе теми како што се репродукции, пејзажи, мртва природа.
Изложбата ќе биде отворена за љубителите на уметноста во наредните две седмици.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ