ДАФ, 61. ИЗДАНИЕ ОД 20-26 МАЈ, ГОДИНАВА ИЗОСТАНА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ОРГАНИЗАТОРОТ И МЕДИУМИТЕ

мај 12, 2024
0 минути

По речиси десет месеци пауза конечно на веб страната на ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал) – Кочани беа ажурирани нови содржини, на 5 Март бил објавен повикот за 61 издание на ДАФ, а на 10 Мај  објавена е годинешната Програма на 61. издание на ДАФ кое ќе се одржи од 20 – 26 Мај оваа година.

Според објавата на репертоарот ќе бидат поставени 16 претстави од кои 4 од театри од Република Србија. И тука ништо не е спорно, спорна е информираноста. Ако последните години фестивалскиот тим во корелација со медиумите го објавуваше повикот, подоцна и одлуката на Комисијата за тоа кои престави ќе бидат поставени на репертоарот, годинава од таа заедничка соработка речиси ништо па со право се поставува прашањето кој тоа одлучил и кога за годинешниот репертоар на претставите.

Факт е дека фестивалот е со аматерски претстави, но факт е дека истиот треба да го водат професионалци, но како што стојат до сега работите, ништо од таа професионалност кога се во прашање медиумите и информираноста кон јавноста.

За да во иднина му се даде поголем публицитет на овој фестивал кој веќе шеесет години опстојува на овие простори потребна е поголема транспарентност како и информација од типот: кој е  Извршен директор на фестивалот, кој е Претседател на Управниот одбор и кои се членови на Собранието на ДАФ.

Само така заеднички и со навремена и поголема информираност кон граѓаните а посебно љубителите на драмската уметност овој фестивал ќе продолжи гордо да чекори по патеката која некој пред шест децении ја има трасирано.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ