ВО НУ ЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ ИЗЛОЖБА ОД ХУМАНИТАРЕН КАРАКТЕР

септември 20, 2022
1 минути

Почитувани,
Националната установа- Центар за култура” Бели мугри” – Кочани, Ве известува дека утре – 21.09.2022 година во 19.00 часот, на западната тераса при НУЦК “Бели мугри” – Кочани ќе се одржи изложба од хуманитарен карактер посветена на
БЛАГОЈА АПОСТОЛОВСКИ БАКИ!
Центарот за култура”Бели мугри” – Кочани, како поддржувачи на овој настан, Ве поканува да бидете и Вие дел од него.
Автор, иницијатор и главен организатор е СИМЕОН ТРАЈЧЕВ.
Изложбата ќе трае од 21-23 Септември 2022 година, а собраните средства ќе бидат донирани за деца болни од канцер.

Повелете, Ве очекуваме.

Со почит.

Ана Поп Михаилова  в.д. Директор

НУ Центар за култура ” Бели  мугри ” – Кочани