ПО ПОБЕДАТА НАД „ПЕЛИСТЕР“ ВО ПОСЛЕДНОТО КОЛО, „ОСОГОВО“ ГО СОЧУВА ВТОРОЛИГАШКИОТ СТАТУС

мај 19, 2024
1 min read

На радост на многубројните навивачи на „Осогово“ а за жал на некои поединци или помали групи кои постојано црно гледаа кон Кочанскиот второлигаш, „Осогово“ и следното првенство ќе игра во Втоа Фудбалска Лига.

Со една машка а преди се ефикасна игра „Осогово“ денес во последното коло од ова првенство ја совладаа мошне добрата екипа на новиот прволигаш „Пелистер“ со резултат 3:0 (0:0).

Првото полувреме помина во знакот на гостинската екипа која создаде 2-3 убави можности да го открие резултатот но благодарение на сигурните интервенции на голманот Ѓорѓи Јованоски и непрецизноста на гостинските напаѓачи во завршницата на акциите на одмор се замина со резултат 0:0.

Второто полувреме започна со доминација на домаќините кои тежиштето на играта го поставија на десната страна. Нападите од минута во минута беа потенцијална опасност кон мрежата на гостинскиот голман Андреј Јовчевски.

Првата радост за две илјадната публика дојде во 51’. Нововлезениот Фикрет Ливарека одлично продре по десната страна, упати центар шут по земја на 5-6 метри од гостинскиот гол, топката дојде до расниот стрелец Тоше манов кој ја закова во левиот горен агол. Овој погодок како да им даде крилја на „жетварите“ кои се разлетаа по терено и публиката беше во очекување на втор погодок. Се играше 63’кога акцијата од првиот погодок беше препишана. Исти актери, иста реализација на радост на навивачите на „Осогово“.

Кога по само шест минути (69’) домаќините го постигнаа и третиот погодок кој отиде на контото на Екрем Мемеди чиј удар од работ на шеснаесетникот заврши во гостинската мрежа беше јасно дека кочанчани и следната година ќе играат во Втората Фудбалска Лига.

До крајот на натпреварот гостите ја презедоа иницијативата, упатија 2-3 удари кон голот но резултатот остана 3:0 за „Осогово“.

По последниот свиреж на денес мошне добриот судија Игор Стојчевски  радоста на домашните играчи и на нивните верни навивачи траеше долго.

Резултати од 30-тото коло:

„Осогово“ – „Пелистер“  3:0

„Охрид“ – „Кожуф“  2:0

„Детонит Плачковица“ – „Караорман“  2:0

„Каменица Саса“ – „Вардар“ (Н)  5:3

„Новаци“ – „Скопје“  2:1

„Беласица“ – „Аресими“  2:1

„Победа“ – „Беса“  1:5

„Башкими“ – „Тетекс“  1:0

До моментот на објавата главниот судија во Македонска Каменица го нема затворено резултатот па не сме во состојба да ја прикажеме комплетната табела.

Инаку нови прволигаши се „Беса“ и „Пелистер“, баражот за влез во втора лига ќе игра „Детонит Плачковица“. Што се однесува до дното на табелата „Караорман“ и „Тетекс“ испаднаа од лигата а бараш со третолигашите ќе игра  екипата на „Победа“.од Прилеп.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ