ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ, ПРАЗНИКОТ „ИЛИНДЕН“ Е ДЕН ЗА ГОЛЕМОТО ЈУБИЛЕЈНО ФИНАЛЕ

Во Спорт
август 1, 2022
1 минути

Утре (Вторник) со почеток во 17:30 часот на програмата е 50. јубилејно финале од Илинденските Спортски Игри – „Чешиново 2022“.

Кој ќе го понесе јубилејниот пехар по одигрувањето на финалниот  натпреварот „Соколарци“ – „Академија Чешиново-Облешево“ ќе биде познато некаде околу 20 часот.

Инаку ова е прво финале за екипата на „Академија Чешиново-Облешево“ со седиште во Теранци,  додека „Соколарци“ последното финале го имаше во 2018 година кога го освои и победничкиот пехар откако на пенали ја совладаа екипата на „Облешево“.

С. Ивановски