Во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј, претставници од Општина Кочани, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, МВР и ученици од СОУ „Гошо Викентиев“ реализираа едукативна средба со третоодделенци од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во Кочани.
Настанот има цел да придонесе во унапредувањето на безбедноста на децата, како една од најранливите категории учесници во сообраќајот. Учениците добија печатени едукативни материјали, совети и препораки за безбедно однесување во сообраќајот.
Активности од ваков во кочанските училишта ќе се реализираат и наредниов период.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ