Викендов Територијалната противпожарна единица – Кочани, Доброволното противпожарно друштво – Кочани, Дирекцијата за заштита и спасување и Одделението за внатрешни работи – Кочани спроведоа заедничка акција за превенција и заштита од шумски пожари.
На граѓаните што патуваа кон Пониква и кон браната Гратче им делеа информативно-едукативен материјал – Прирачник за заштита и превенција од пожари и друг вид елементарни непогоди.
Целта на ваквите акции е да се подигне свеста кај граѓаните за големите штети од пожарите како и за начинот на постапување при настанат пожар.
Ваквите акции ќе продолжат и наредниов период со цел да се намалат и да се спречат штетите од пожарите.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ