Во завршна фаза се градежните активности за модернизација на преминот на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Ветеринарна станица“, на дел од ул. „Лазар Андонов“ во Кочани.
Денеска се поставуваше првиот слој асфалт на преминот, откако се постави гумена подлога, за да се олесни минувањето на возилата и да се забрза протокот на сообраќајот.
Претходно, заврши модернизацијата на преминот преку железничката пруга кај Основниот суд во Кочани, со што веќе се отстранети проблемите што предизвикуваа тешкотии во движењето на возилата на овој дел од улицата „Никола Карев“.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ