ДА СЕ НАЈДЕ ВИНОВНИКОТ И ДА ЈА ВРАТИ ПРВОБИТНАТА СОСТОЈБА ОКОЛУ ДРВЦАТА

јануари 6, 2022
0 минути

Сакаме чиста животна средина а истата од ден на ден на било кој начин се трудиме да ја уништиме.

На социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден имаше реакции за недомаќинскиот однос на оние кои дел од асфалтот кој го користеле да направат паркинг простор на источната страна од ДК „Бели Мугри“ ставиле и околу стеблата на неколкуте дрва кои се на тротоарот.

Денес на самото место по направената проверка се видоа многу недостатоци токму околу чинот на поставување на асфалт околу дрвцата.

Апелираме до надлежните во Општина Кочани да ги пронајдат сторителите и час поскоро да ја вратат првобитната состојба на тротоарот околу дрвцата.

Само со брза реакција може да направи она кој некој не смеел ниту да помисли а не да го направи.

С. Ивановски