ПРИЈАВЕНА ФАЛСИФИКУВАНА БАНКНОТА ОД 50 ЕВРА

април 11, 2023
0 минути

На 10.04.2023 во 16.00 часот во Полициската станица Кочани, Б.К.(38) од с.Тркање, кочанско, пријавила дека во текот на ноември 2022 во домот на У.А. во Берово пронашла сомнителна банкнота во апоени од 50 евра.

При проверка на банкнотата во менувачница во Кочани од вработениот и било кажано дека банкнотата била фалсификувана. Полициски службеници од ОВР Кочани ја одзеле банкнотата за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување на случајот.

Соопштение од СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ