КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

јуни 18, 2024
1 min read

Ја известуваме јавноста дека започнувајќи од денес 18.06.2024 година (вторник), Градската депонија ќе биде отворена секој ден од 07 до 16 часот. После 16 часот депонијата ќе биде затворена и ќе биде забранет влез за сите неовластени лица.

Исто така ја информираме јавноста дека при извршената контрола денеска во 18 часот, пред влезот на Градската депонија повторно се забележани лица кои неовластено престојуваат на овој простор заедно со своите малолетни деца. Освен ова се забележани и поголем број на возила кои се користат за транспорт на отпадни суровини кои се изнесуваат од Градската депонија иако истата е затворена.

КЈП “Водовод” Кочани упатува апел до граѓаните и компаниите во иднина отпадот да го одлагаат одговорно внатре во градската депонија, а не надвор пред влезот или на самиот коловоз, бидејќи доколку во иднина бидат забележани вакви дејствија за истите ќе бидат покренати соодветни постапки пред надлежен комунален инспектор

КЈП „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ