Во организација на Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ од Кочани, денес во атарот на селото Речани сместено на падините на „Осоговските планини“ во чест на револуционерот илинденец Стефан Мандалов – Манданата се возеше првата планинарска велосипедска трка „Манданата 2024“.
Стотината велосипедисти од неколку монтбајк клубови во Македонија возеа на две патеки, ената во должина од 36 километри а другата во должина од 26 километри. Стартот беше од дворот на манастирот „Св. Илија“ во месноста Бочвенец.
Високите температури не преставуваа проблем за учесниците на трката. После стартот од дворот на манастирот „Св. Илија“ велосипедистите возеа до месноста Крушка па преку „Дл’ги Дол“ се спуштија во „Бела Река“ по што следуваше искачување кон Мишино мало каде имаа половина час одмор. Паузата беше искористена да му се оддаде почит на револуционерот Стефан Мандалов – Манданата кој беше еден од учесниците во Аверата Мис Стон во предилинденскиот период а кој на ова место загинал. Учесниците во трката токму во чест на Манданата на местото на неговото погибие поставија спомен плоча.
По паузата велосипедистите трката ја продолжија кон „Ново Село“ па покрај манастирите „Св. Димитрија“ и „Св. Симеон“ во селото Костин Дол се вратија на целта која беше каде и што стартуваше трката, во дворот на манастирот „Св. Илија“ во месноста Бочвенец.
Организаторот за сите учесници во трката обезбеди признанија и најавија дека планираат оваа трка која денес се совпадна со големиот црковео-народен собир по повод верскиот празник „Света Троица – Духовден“ стане традиционален и добие меѓународен карактер.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ