ВО НАТПРЕВАР НА КОМБИНИРАНИОТ ТИМ НА „ОСОГОВО“ И МЛАДИНЦИТЕ НА „БРЕГАЛНИЦА“ ШТИПЈАНИ ЗА КЛАСА ПОДОБРИ

Во Спорт
февруари 15, 2023
0 минути

По сончево и мошне пријатно време И многу лош терен за игра  денес во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ се одигра натпревар помеѓу комбинираниот тим на „Осогово“ и младинците на „Брегалница“  од Штип.

Гостите заслужено славеа со 5:1 (2:0) и покажаа дека во моментот се класа подобри од екипата на „Осогово“ која беше составена од играчи од кои повеќето конкурираат за првиот состав.

Шефот на стручниот штаб на „Осогово“ Ефтим Аксентиев на овој натпревар сакаше да види кои од младите играчи можат да се наметнат за да играат во пролетниот дел од првенството, но според она што се виде на денешниот натпревар тешко дека некој остави добар впечаток.

„Осогово“ продолжува со подготовките но и натаму без првиот стрелец на тимот Тоше Манов кој поради незгодната повреда на коленото веќе подолг период е надвор од тренинзите.

С.  Ивановски