ВО БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“, СРЕДБА СО ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ НА ПОЕЗИЈА, ПРОЗА И АФОРИЗМИ

јули 4, 2024
1 минути

Во рамките на проектот ,,Подобро општество за слепите лица во Кочани” во соработка со ,,Здружение еднакви за сите во Кочани”, се реализираше заедничка средба со литературно читање на поезија, проза и афоризми.

Претседателот на здружението Жаклина Паунова Ангелковиќ и координаторот на проектот Тина Соколовска, ги презентираа целите, придобивките и активностите на проектот, како и набавката на книги со брајово писмо, кои беа подарени на ЈОУ Библиотека ,,Искра”.

 

Пред членовите на здружението и сите присутни, членовите на ЛК ,,Копнеж”, се претставија со дел од своите лични творби.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ