СЛАВЕЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА

март 28, 2022
0 минути

Од денес до Петок во Кочани во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ започна одбележувањето и реализацијата на проектот „Славење на Меѓународниот ден на литературата за деца, Другарувањето со книгата ни е песна – Фестивал на децата, книгата и музиката“. По тој повод денес се одржаа неколку манифестации од кои секоја си имаше посебно место во целокупниот проект.

Најпрвин во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ беше отворен годинешниот „Саем на книгата“ кој годинава беше претставен со само една издавачка куќам „Чудна шума“ и Ликовна работилница на тема „Книгите ни даваат крилја да се вивнуваме секој ден“ чија изложба е најавена за последниот ден од манифестацијата (Петок).

Посебен белег на манифестацијата даде Фестивалот на децата, книгите и музиката кој се одржа во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани .

Навистина организаторот годинава се погрижи на кочанчани да им понуди неколку интересни теми кои и да не сакаме ќе го привлечат вниманието на љубителите на убаво напишаниот збор.

С. Ивановски