ПЕТРОВДЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР, СТАРТУВАА НАТПРЕВАРИТЕ И ВО ГРУПАТА „Б“

Во Спорт
јули 5, 2024
0 минути

Се одиграа натпреварите од првото коло во групата „Б“ од годинешниот Петровденски Фудбалски Турнир.

Натпреварот помеѓу екипите на „Але Дар Премиум“ и „Масив Дизајн“ донесе добар фудбал со доста возбудувања, за да по многу неизвесности на крајот славеше екипата на „Але Дар Премиум“ со 3:2.

Во вториот натпревар екипата на „Естон Дизајн“ со одлична и преди се ефикасна игра високо го совлада „Амфенол“ со резултат 7:2.

Денес на програмата се  натпреварите од третото коло во групата „А“ во кои се среќаваат:

19:00  „Астон Вила“ – „Ауто Велт“

20:00  „Рели“ – „Џинџер“

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ