СЛЕДНАТА СЕДМИЦА СТАРТУВА ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

Во Спорт
септември 8, 2024
0 минути

За следната недела се закажани натпреварите од првото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Така одлучија претставниците на третолигашите на седницата на Трета Фудбалска Лига – Исток која изминатиот вторник се одржа во Кочани.

Десет екипи ќе се борат за првото место, но несомнено дека главен фаворит годинава е екипата на „Слога 1934“ која и финансиски и играчки е доста стабилизирана.

Од годинава во третата лига нови членови се Брегалница  (Делчево), Хоризонт Турново (Турново) и Светлост (Зрновци) додека од минатогодишните членови на Трета Лига – Исток ги нема Рудар (Пробиштип) кој се повлече од натпреварувањето и Вардарски (Богданци) кој како шампион влезе во Втората Фудбалска Лига.

Во првото коло се среќаваат:

Дојранско Езеро – Хоризонт Турново

Карбинци – Ударник

Овче Поле – Светлост

Малеш – Слога 1934

Тиверија – Брегалница

Натпреварите започнуваат во 15:00 часот

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ