ПОСЛЕДНО ЕСЕНСКО КОЛО ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

Во Спорт
декември 10, 2021
1 минути

Утре (Сабота) на програмата се натпреварите од последното есенско коло (дел од вториот круг) во Втора Фудбалска Лига – Исток.

„Осогово“ е пред тешко гостување во Радовиш во натпревар со директниот конкурент за зачувување на второлигашкиот статус. Во последните два натпревари „жетварите“ освоија само еден бод, но сепак без бело знаме патуваат на ова тешко гостување и со оптимизам дека непоразени ќе се вратат во Кочани.

Лидерот на табелата „Слога 1934“ оди на мегдан на „Беласица“ а „Каменица Саса“ е пред голем предизвик на гостувањето кај „Кит Го“.

Двојки од 15-тото коло:

„Детонит Јуниор“ – „Осогово“

„Кит Го“ – „Каменица Саса“

„Беласица“ – „Слога 1934“

„Победа“ – „Локомотива“

„Кожуф“ – „Братство“

Натпреварите започнуваат во 13:00 часот.

С.  Ивановски