СТАРТУВАШЕ ПРВЕНСТВОТО ВО ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

Во Спорт
септември 15, 2024
0 минути

Со одигрувањето на натпреварите од првото коло и официјално беше подигната завесата на новото првенство во Трета Фудбалска Лига – Исток.

На отворањето на сезоната три победи извојуваа гостите а на двапати се радуваа домаќините. Постигнати се 17 погодоци или по 3,4 по натпревар.

Фаворитите за највиоск пласман „Слога 1934“ и „Хоризонт Турново“  ја прескокнаа првата пречка, тие беа поуспешни од домаќините во Берово, односно Дојран. Победа на гостински терен забележа и екипата на „Брегалница 1926“ која во еден мошне фер и коректен натпревар славеше во Струмица.

Единствено во првото коли домаќините „Карбинци“ и „Овче Поле“ им се израдуваа на победаите.

Резултати од 01. коло:

Дојранско Езеро – Хоризонт Турново  3:4

Карбинци – Ударник  2:0

Овче Поле – Светлост  3:1

Малеш – Слога  1934  0:3

Тиверија – Брегалница  1926  0:1

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ