ГЕОМЕХАНИЧКИ ИСПИТУВАЊА НА МОСТ НА „КОЧАНСКА РЕКА“

септември 17, 2024
1 min read

Започнаа геомеханичките испитувања на теренот каде што е планирана изградба на мост на Кочанска Река што ќе ги спојува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“,  истражувања коишто ќе ја определат носивоста на почвата во долните слоеви.

Според проектната програма за изработка на проектна документација, мостот треба да биде долг 30-ина метри и да биде на колови на поголема длабочина.

Изградбата на овој мост е со цел да се намали сообраќајот на улиците „Стево Теодосиевски“, „Глигор Апостолов“ и „Никола Карев“, чии профили не ги обезбедуваат потребната пропусна моќ, ниво на услуга, економичност и безбедност во сообраќајот.

Се очекува изградбата на мостот да овозможи олеснување на сообраќајот по овие улици и негово побрзо и побезбедно одвивање.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ