ОСТАНУВА УШТЕ ДА СЕ ПОСТАВИ МЕТАЛНАТА ОГРАДА

септември 17, 2024
1 минути

По голем број реакции од граѓани конечно неодамна беше ослободен просторот од неодговорното паркирање на учесниците во сообраќајот.

Малите скали кои беа во непосредна близина на некогашната „Газела“ со години беа вон употреба за минувачите кои требаше од платотот на трговскиот центар да се симнат на тротоарот на улицата „Димитар Влахов“. Непрописно паркираните возила го спречуваа минувањето на луѓето.

Од неодамна се поставија метални столпчиња и сега е ослободен просторот за минувачите, но останува уште еден мал дел па се да биде комплетно.

Наидува зимски период кога се очекува и снег па пожелно би било кога на двете страни од скалите би се поставила мала метална ограда која и те како би им помогнала на оние кои треба да се симнат или качат по истите.

Се надеваме дека надлежните ќе го нотираат ова известување и дека набргу металната ограда ќе биде поставена.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ