Почитувани спортски другари .
Нашето друштво КПС „Осоговски Орел“ Ве известува со големо задоволство дека оваа година на 27.10.2024 год. ќе ја продолжи традицијата со организација на „Гратче Траил“. Во соработка и
предлози од повеке спортски колеги нашето друштво изработи 2 патеки за да ги задоволи желбите на сите учесници..
Патеките поминуваат низ разновиден планински пејзаж шума, ливади, селски маала, природни извори околу езерото гратче. Настанот ке биде организиран во соработка со „Еуро Хотел“ – Гратче
Патеките се кружни, со СТАРТ и ФИНИШ кај гореспоменатиот Хотел.
Старт на малата стаза 12км – 09:00 часот
Старт на големата стаза 30км -10:00 часот
Паркинг, тоалет, гардероба за пресоблекување ке биде обезбедено за учесниците и ке имаат попуст на храна и пијалоци од хотелот.
Резервациите за преноќевање ке бидат со попуст за учесниците доколку се резервира до 20.10.2024.
Патеките по кои ке се трча се:
– Гратче траил 30 – Голема патека која стартува од паркингот на „Еуро Хотел“ – Гратче и ги поминува низ следните локации: водопади на Голема река – Горно Гратче – рампа-крушка – Голема река – Бабиште – Јастребник – брана Гратче. Вкупна должина на патеката е 30км.
Гратче траил 12 – Мала патека која стартува од паркингот на „Еуро Хотел“ – Гратче и ги поминува следните локации: –водопади на Голема река – Горно Гратче – рампа – Мегдан врв – Мактеон – брана Гратче. Вкупна должина на патеката е 12км.
Во продолжение линк за пријавување, https://osogovo.trki.mk/mk/events/gratce-trail-2024
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ